АВМУ: Боки 13 користел обезбедување од МВР

Осомничениот за рекет, Бојан Јовановски, од почетокот на оваа година користел обезбедување од МВР, откри директорот на АВМУ, Зоран Трајчевски за „Код“.

„Бојан Јовановски од почетокот на оваа година имал службено обезбедување од МВР, поради добиени закани по емитување на серијата „Инсајдер“, вели Зоран Трајчевски, директор на АВМУ.

Доколку МВР му дало обезбедување на Јовановски како сопственик на медиум, 1ТВ може да остане без дозвола за работа, што практично значи згаснување на телевизијата, коментираа на „Код“.

„Доколку Јовановски добил обезбедување од МВР како сопственик на медиум, иако на формално-правно не е сопственик, тогаш станува збор за тајно содружништво, а тоа не е дозволено и во таков случај се одзема дозволата за работа“, додава Трајчевски.

Од МВР ја демантираа информацијата. „Не е вистина дека Бојан Јовановски користел обезбедување од министерствотоОбјавено. Бојан Јовановски немал службено обезбедување од МВР. Непрофесионално и неетички е Трајчевски, кој е на чело на регулаторно тело на кое му е работа да ја штити јавноста од дезинформации и да внимава на етиката во известувањето, самиот да шири дезинформации“, велат од МВР во демантот.