АВМУ ќе донира милион денари помош за Турција

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе додели финансиска помош – донација во висина од еден милион денари за санирање на последиците од земјотресот што ја погоди Турција.

Финансиските средства ќе бидат уплатени на посебна наменска сметка на Црвениот крст на Македонија – Фонд за солидарност, соопшти АВМУ.

Агенцијата изразува сочувство до семејствата на настраданите и до турскиот народ.