АВМУ со осуда за нападот на новинарската екипа на ТВ 24 Вести

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро го осудува вчерашниот вербален и физички напад врз новинарската екипа на ТВ 24 Вести.

Нападите врз медиумските работници претставуваат особено сериозни повреди на основните човекови права и слободи кои истовремено го загрозуваат правото на информирање на граѓаните и ја ограничуваат јавната дискусија која е во сржта на секоја плуралистичка демократија.

Агенцијата како и во повеќе наврати досега апелира да им се овозможи на медиумските работници безбедно и професионално да ги извршуваат своите обврски, пред сè, имајќи ја предвид нивната улога во отворањето прашања од јавен интерес.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.