AВМУ со oсуда за вербалните навреди на Усеини кон новинарка на ТВ Телма

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува недоличниот однос на советникот во општина Охрид, Нефи Усеини кон дописничката на телевизија Телма.

„Носителите на јавна функција се предмет на надзор на јавноста и на потенцијално силна јавна критика преку медиумите, поради што тие треба да бидат свесни за одговорноста за секој искажан збор и да се воздржат од секаков вид недолична и непримерна комуникација.

Агенцијата во повеќе наврати досега апелира да им се овозможи на новинарите професионално да си ги извршуваат своите обврски, пред се, имајќи ја предвид нивната улога во отворањето прашања од јавен интерес и обезбедувањето транспарентност и одговорност на политичките и јавните органи“ – се наведува во нивното соопштение.

„Не е фирмата на мое име, нема судир на интереси со тендерите, јас не ги гласам тие тендери. Е.. си мајката, п… ти м….. Немој повеќе да ми звониш, што ти треба да си барате во Општина. Ова да ти е последно што ѕвониш“.

Ова се зборови на контроверзниот охридски функционер и бизнисмен Нефи Усеини употребени во телефонски разговор со новинарка на Телма.