Јавна пофалба на Меркел за економските достигнувања на Унгарија

Германската канцеларка Ангела Меркел на својата средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Берлин јавно ги пофали унгарските економски достигнувања и ја потенцираше големата важноста од билатералната соработка меѓу двете земји.

Од своја страна премиерот на Унгарија Орбан изјави дека германско-унгарската трговска размена со секоја година достигнува рекордни нивоа, наведувајќи дека таа лани изнесувала околу 55 милијарди евра.

Двајцата државници најавија дека ќе разговаат за проширувањето на Европската унија, при што Меркел ги спомна Северна Македонија и Албанија како потенцијални нови членки.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.