„Јавната соба“ замириса, „Медо“ не сакал а другите сакале порнографија, полицијата во контакт со Телеграм

Полицијата работи на расчитување на случајот „Јавна соба“ кој ја крена македонската јавност на нозе и се очекува наскоро да излезат со конкретни податоци. Од МВР истакнуваат дека во саботата се влезени во потрага на оваа група која комуницира на телекомуникациската апликација „Телеграм“ и дека кодното име на администраторот е „Медо“ и дека од ИТ-одделнието се е документирано.

Според она што беше објавено синоќа, а денеска го потврдија и од полицијата, но во интерес на истрагата нема да објавуваат податоци и во соработка со Јавното обвинителство ги преземаат сите потребни мерки за расчистување на случајот. Влезено е во трагата на администраторот на групата Јавна соба, при што се обезбедени и телефонските броеви на над седум илјади членови, пренесе Телма од извори во МВР. Во групата  формирана на социјалната мрежа Телеграф  беа разменувани фотографии на малолетнички со речиси порнографска содржина.

Средношколци, но и возрасни споделуваа и коментираа интимни фотографии и видеа на малолетни девојчиња од земјава. Групата со над 7000 членови од синоќа е преименувана од Јавна соба во Група само за возрасни.

Неофицијално, во оваа група се забележани поранешни високи функционери, менаџери на кафулиња, новинари, бизнисмени… По јавната објава на групата 600 членови веднаш ја напуштиле.

Порталот „А1он.мк“ успеа да стапи во контакт со администраторот на групата.

„Сакавме да направиме група со видеа и забавни клипови кои во ниту еден случај не содржат порнографија. Тоа и го направивме, стануваше збор за група со смешни видеа и нагласивме дека е за членови над 18 години, бидејќи сите под 18 имаат Инстаграм. Стануваше збор за приватна група која не можеш да ја најдеш преку пребарувач, освен ако некој не те додаде и тоа се уште е така. Но, еден админситратор додал еден член, друг додал трет, и така групата за два дена имаше речиси 500 членови, а од челновите на групата не беа барани лични податоци, бидејќи така би го прекршиле член 149 од Законот за заштита на лични подаотци. Затоа решив да ја избришам групата, според точните упатства на Телеграм“, раскажува администраторот за порталот, за кого велат дека не го знаат.

Понатаму, објаснува дека се обидувал да ја избрише, но постојано му пристигнувале линкови и групата се побрзо растела, но имало и порнографска содржина. Мислел дека кога нешто ќе избрише дека тоа е трајно, но неговите очекувања биле лажни, затоа што групата се обновувала и ширела, а имало секакви содржини, сепак се стигнало до бројка од 5000 членови.

Администраторот го избришал и неговиот Телеграм акаунт, но и тоа не помогнало, групата се проширила и стигнала до бројка од 7000 членови.

Во текстот се наведува дека од групта се повлечени сите администратори и дека таа сега функционира самата од себе и брои околу 4700 члена. Сега се договарале и префрлале на нова платформа Discord, каде што планираат да продолжат со „активностите“. Работата изегла од контрола па се споделувале фотографии и искуства од различни наркотици.

Се поставува прашањето дали може да се затвори оваа група имајќи во предвид дека платформата Телеграм е во друга држава.

Бирото за јавна безбедност на денешниот колегиум утврдува тактички мерки за истрагата околу групата на апликацијата „Телеграм“ на која се споделуваа порнографски фотографии од малолетнички од Македонија. Истрагата е во рацете на секторот за компјутерски криминал и дигитална форензија во МВР.

Македонската полиција се обрати до службата на мобилната апликација Телеграм лоцирана во Дубаи, за да ја избришат групата „Јавна соба“ во која се споделуваа порнографски материјали од малолетнички, вклучително со нивните телефонски броеви и сексистички коментари. Содржините во неа се вознемирувачки и вулгарни. Администраторот на групата користел фотографија на малолетник при претставувањето на интернет-апликацијата која е слична на Вибер.

Вакви и слични групи на социјалните мрежи има, прашање е како со нив ќе се справат институциите на државата, бидејќи сајбер технологијата зема се поголем замав, а со тоа и криминалот.

На пример, средношколци членови на групата за Радио МОФ сведочат дека дел од сликите кои се објавуваат и се коментираат се преземени од отворени профили и тоа најчесто се малолетни девојчиња, при што се споменуваат со имиња и презимиња или со местото на живеење. Па така и самите новинари биле сведоци како во рок од половина час биле споделени десетина видеа и фотографии со експлицитна содржина, на што следувале неколку стотици коментари.

Во една истражувачка сторија на Нетпресс.мк од пред неколку години беа посочени групи на педери, лезбејки, трансвестити, геј заедницата кои го преплавуваат македонскиот Фејсбук. При што беше утврдено дека македонците кои имаат зависност од овој тип најчесто се кријат позади лажни профили кои се покриваат со профил фотографија со нагласена сексуална зависност.

„Кралеви и робови, Женкари-Курви, Активи-Пасиви“, „Македонска геј заедница“, „Геј дружење“, „Боки 13 за воџа на гејовите, Кочо оди си слаб си“, „Македонска геј заедница“, „Здружение за жени лезбејки“, „Педофилија“, „Свингери Македонија“ и многу други се фан страните и групите кои можете да ги најдете во изобилие на социјалните мрежи.

Очајноста и незадоволноста од сексуалниот живот на македонците на социјалните мрежи се гледа преку неколку фејсбук групи преку кои реалниот живот го заменуваат со виртуелниот, односно наместо некогашното „одење на кафе“ и дружење со луѓето, денеска се заменети со виртуелни понуди единствено кои нудат и бараат сексуални односи.

Но, дали некој досега помисли како блудот и неморалот влијае на најмладите кои се секојдневно на социјалнните мрежи. Од Првата детска амбасада „Меѓаши“ велат дека социјалните мрежи станаа профитабилен бизнис за детска порнографија, која е иницирана од тоа што децата го гледаат од постарите. Министерството за внатрешни работи, пак, има врзани раце кога станува збор за Фејсбук, бидејќи како што велат оттаму имаат ограничени овласутвања и не можат секогаш да реагираат.

Од „Меѓаши“ додаваат дека со развојот на Интернетот и социјалните мрежи се овозможи експанзија на еден од најдоброплатените бизниси, а тоа е детската порнографија.

„Преку појавата на Интернетот се поголем број на деца се изложени на директен или индиректен ризик и опасност, пред се поради нивната детска отвореност, наивност, неискуство и често оставајќи ги своите лични податоци преку регистрирање на многу сајтови, не земајќи предвид што се може да се случи. Многу често млади обидувајќи се да им се допаднат на своите врсници, да остават впечаток на забавни, флексибилни,отворени и слободоумни своите интимни искуства ги споделуваат на социјалните мрежи. Со ваквиот начин на меѓуврсничка комуникациија не се ни самите свесни дека можат да станат жртви. Најчести причини за ваквото несоодветно однесување се: немање добра семејна кохезија, недостаток на љубов и внимание, желба по секоја цена да бидат приметени или впечатливи“, додаваат од амбасадата.

На крај „Меѓаши“ велат дека родителите се оние кои имаат клучна улога во помагањето на децата да им обезбедат безбедни и позитивни искуства на интернет. Тие треба да бидат во тек со активностите на нивните тинејџери на интернет. Добро е доколку го постават компјутерот на некое видливо место во домот. Родителите треба да дискутираат со своите деца за тоа кои сајтови се во ред да ги истражуваат, а кои не се и да имаат јасни правила околу активностите на интернет. Ако детето ги користи сајтовите за социјални мрежи, родителите треба да се осигураат дека ги разбира карактеристиките за приватност – како да го уреди профилот да биде приватен и да го ограничи пристапот на информации. Исто родителите треба да го охрабрат детето да ги испита онлајн-пријателите и да ги блокира оние што испраќаат навредливи содржини. Родителите треба да бидат отворени со своето дете за тоа да може слободно да им се обрати доколку нешто го загрижува.

МВР може да интервенираме по пријава и да постапува во доменот на нивните овластувања. Од друга страна, според ИТ стручњаците, ако Телеграм не сака да испадне во пресрет на МВР, тогаш многу тешко оваа и сличните групи ќе можат да се затворат.

Во однос на педофилијата Македонија донесе закон со кој се регистрираат педофилите, но подоцна беше оспорен пред Уставен суд, така што во пркаса речиси и да не заживеа.

Законот беше усвоен во  Парламентот со апсолутно мнозинство. Регистарот на педофили јавно беше објавен и во него беа внесени податоците за 125 осудени педофили. Тогаш, до мај 2013 година, сајтот на кој беше објавен регистарот е отворан повеќе од 300 000 пати.

Модерното време бара брзо престројување на општетсвото за да се пресретнат и оневозможат нус-појавите на информатичката технологија, а кои може да бидат со катастрофални последици за нормалното и моралното живеење на државата. Секако, за поуспешно спротивставување на ваквите појави потребна е и поголема вклученост на родителите, бидејќи семејството е основната клетка на едно општество.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.