Јавниот долг достигна енормни над 7 милијарди евра или 70 отсто од БДП, што не било никогаш, апелира ВМРО ДПМНЕ

Јавниот долг во 2017 година беше 4.7 милијарди евра, ако СДСМ остане на власт до крајот на годината ќе биде над 8 милијарди евра. За 5 години СДСМ ја задолжи државата колку сите влади пред нив заедно, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Моментално јавниот долг е над 7 милијарди евра, а по земањето на заемот од ММФ од 900 милиони евра и еврообврзница, тој ќе биде над 8 милијарди, што во проценти од БДП е над 70%.

За 5 години долгот е енормно зголемен без да има еден проект, ниту инвестиција.

Сите капитални проекти стојат во место. Нема Клиничка болница во Штип, ниту Клинички центар во Скопје. Автопатот Кичево – Охрид не може да мрдне од мртва точка, стои во партиското соопштение и се додава: „Пет години СДСМ буквално ги помина во криминал и корупција. Државата не само што стагнираше, туку и изгуби чекор со регионот, каде забрзано се инвестира во инфраструктура. Пет години државата тоне. Доколку СДСМ остане на власт долгот само ќе се зголемува, а инвестиции и раст воопшто нема да има. Затоа потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро“, стои во партиското соопштение.