Јавниот превоз нема да функционира од денеска од 21 часот до понеделник

Од денеска од 21 часот до понеделник до 5 часот, јавниот превоз нема да функционира.

Времениот прекин е согласно одлуката на Влада за забрана на движење на населението во посочениот период на територија на Скопје.

Денеска јавниот превоз ќе функционира до 21 часот. Автобусите ќе возат по саботен возен ред, со исклучок на линиите 9, 19, 20 и 23 часот кои ќе сообраќаат по редуциран делничен возен ред.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.