Јавниот превоз во Скопје од денеска по зимен возен ред

Согласно Одлуката за линиски превоз на патници во Град Скопје, јавниот превоз од денеска ќе функционира по делничен, зимен возен ред.

ЈСП „Скопје“ информира дека во сообраќај ќе бидат вклучени зголемен број возила во споредба со изминатите речиси три месеци.