Австралија ја декласира Аргентина за полуфинале на кошаркарскиот турнир

Кошаркарите на Австралија се последните полуфиналисти на Олимпискиот турнир во Токио, откако попладнево триумфираа над Аргентина со убедливи 97:59.

Аргентинците беа конкурентни само во првата четвртина, но Австралија во продолжението го подигна нивото на игра во одбраната и шутот од далечина, преземајќи ја целосно контролата врз резултатот.

Австралија влезе во завршната четвртина со предност од 60:48 и со серија од 28:4 на крајот го декласираше аргентинскиот состав.

Австралија во полуфиналето, в четврток од 06:15 часот, ќе итра против САД, додека во второто полуфинале ќе играат Словенија и Франција.