Австралија ја менува химната за да ги признае Абориџините

Австралиската влада во четвртокот промени еден збор во државната химна за, како што појасни, подобро да ја признае улогата, културата и историјата на абориџинските (домарадни) народи во земјата.

Со измента втората реченица во химната „Advance Australia Fair“ – „млади сме и слободни“ е заменета со реченицата „обединети сме и слободни“, објави австралискиот премиер Скот Морисон.

„Австралија е релативно млада модерна нација, но историјата на нашата земја е стара, колку и историјата на првите народи, чиј дух го препознаваме и почитуваме“, напиша Морисон во написот за весникот The Age во пресрет на новата година.

Оваа промена „ништо не одземна, но веруваме дека вистински ја збогатува“ смислата на текстот, наведува австралискиот премиер.

Промената на текстот на свечената песна на Австралија и порано беше споменувана со цел подобро да се признае абориџинската историја на земјата континент, стара повеќе од десетици години, меѓутоа конзервативниот премиер Морисон ја објави дури доцна во четвртокот вечерта во пресрет на Нова година.

Колонијалната историја Австралија, со големи нееднаквости, уште е многу чувствителна тема во земјата каде што абориџинските деца двапат се поизложени на смрт пред да наполнат пет години од остатокот од населнието, според официјалните податоци. На почетокот од годинава имаше протести во неколку големи австралиски градови поради страдањата на Абориџините во текот на полициските приведувања. Повеќе од 400 припадници на оваа заедница загинале во таквите околности во последните триесет години.