Австралија бара меѓународна истрага за настанувањето и ширењето на коронавирусот

Австралија во неделата ја проблематизираше транспарентноста на кинеските власти во текот на одговорот на епидемијата на новиот тип коронавирус, и побара започнување меѓународна истрага за настанувањето и ширењето на овој вирус.

Според досегашните сознанија, жариштето на коронавирусот е на нелегалниот пазар на диви животни кои се користат во исхраната во централниот кинески град Вухан. Се верува дека тој настанал со мутација кај лилјаците или змии во меѓусебниот синџир на исграна. Од избувнувањето на епидемијата во Вухан, досега во светот се заразени над 2,3 милиони луѓе, а повеќе од 160.000 лица починаа како последици од заболувањето Covid-19.

Австралиската министерка за надворешни работи, Марис Пејн, изјави дека е многу загрижена поради кинеската (не)транспарентност во поглед на епидемијата на коронавируот.

„Прашањата околу коронавирусот се прашања за независна истрага и мислам дека е важно тоа да го направиме. Всушност, Австралија апсолутно ќе инсистира на тоа“, изјави Пејн за австралиската телевизиска мрежа ABC News.

Односите меѓу Австралија и Кина, којашто е нејзин најголем трговски партнер, се заострени а Канбера го обвинува Пекинг за мешање во австралиската политика. Кон крајот на 2019 година, австралиските медиуми пишуваа дека наводно Кина се обидела да инфилтрира свој шпион во австралискиот парламент, кој требало да се кандидира на изборите како член на владејачката Либерална партија.

„Мојата доверба во Кина се одредува долгорочно. Мојата загриженост е околу трнспарентноста за обезбедувањето отоврена соработка“, додаде шефицата на австралиската дипломатија Пејн.

Пред Австралија да повика на меѓународна истрага, американскиот претседател Доналд Трамп, порача дека Кина би можела да понесе последници поради одговорноста за пандемијата. Истовремено, официјален Пекинг ги отфрла сите обвинувања за нетранспарентноста како неосновани и пропагандистички.

СЗО „не му помогна на светот“

Откако претходно седмицатва Трамп ги запре уплатите на САД за Светската здравствена органзиација (СЗО –WHO), обвинувајќи ја дека премногу верувала на податоците од Кина, и австралискиот министер за здравство, Грег Хант, исто така, ја критикуваше споменатата агенција за здравство при Обединетите нации.

„Она што го видовме од функционерите во Женева (седиштетот на СЗО – з.р.), мислиме дека тоа беше одговор кој не му помогна на светот. Имаме добар резултат, бидејќи како земја носевме сопствени одлуки“, изјави Хант на прес-конференција.

Австралија, наспроти препораките од СЗО, на 1-ви февраури ги забрани доаѓањата од Кина, а подоцна и ги затвори гранциите и воведе строги рестриктивни мерки.

Хант, сепак, предупреди дека Австралија „го победува коронавирусот, но сѐ уште не победила“. „Мораме да се концентрираме на сузбивањето и на капацитетите“, рече.

Австралија соопшти дека ја ставила епидемијата под контрола, и во неделата се забележани 53 нови случаи, а вкупно досега има 6.586 случаи, според податоците на министерството за здравство. Со тоа седми ден по ред, зголемувањето на бројот потврдени зарази со коронавирусот е помал од 1 отсто. Вкуно 71 лице починало од болеста во Австралија.

Соседен Нов Зеланд, пак, ги воведе едни од најострите мерки, уште пред првиот смртен случај, и има уште подобри резултати од Австралија. Во неделата во оваа овстровска семја со 4,9 милиони население, забележани се само 4 нови случаи, а вкупно досега се заразени 1.098 лица, од кои 11 починале, според податоците на министерството за здравство.

„Знам дека не беше лесно, но функционира“, изјави премиерката Џасинда Ардерн во телевизиско интервју и додаде дека во понеделникот ќе биде одржана седница на владата на којашто ќе се одлучува за попуштање на мерките.