Австралија без нови случаи на Ковид-19

31

Австралија денеска без ниту еден регистриран случај на Ковид-19, првпат по пет месеци.

Не е регистриран ниту еден случај во последните 24 часа, односно од 20 часот во петокот, до 20 часот во саботата. Ова се случува првпат по 9. јуни.

Државата Викторија, која беше жариште на вториот бран на Ковид-19 во Австралија, е без нов случај втор ден по ред. Во оваа држава имаше 112 дена карантин. Здравствените власти најавија олеснување на рестрикциите во следниот период.

Австралија има околу 27.500 заразени и 900 починати од ковид-19 од почетокот на пандемијата, многу помалку од многу други нации. Оваа земја имаше една од најстрогите пристапи, и воведуваше строги мерки и карантини во борбата против пандемијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.