Австралија ќе купи американски наместо европски хеликоптери

Австралија потврди дека ќе купи од САД 40 борбени хеликоптери „Black Hawk“ за процените 2,8 милијарди австралиски долари, или 1,96 милијарди американски долари, и така ќе ги замени хеликоптерите од моделот „MRH-90 Taipan“ со чие одржување се мачи со години.

Со тоа е финализиран договорот кој кон крајот на ланскиот август го потпиша американскиот Стејт департментот. Испораката на новите хеликоптери во Австралија ќе започне подоцна годинава.

„Едноставно немаме доволно потребни часови налети на MRH-90 Taipan. Убедени сме дека тоа можеме да го добиеме од Black Hawk“, изјави за ABC News, австралискиот министер за одбрана Ричард Марлес.

Хеликоптерите „MRH-90 Taipan“, варијанта на хеликоптерите од класата „NH-90“ коишто ги користат војските на 13 држави, ги произведува европскиот концерн „Airbus“, кој е во делумна сопственост на Франција.

Одлуката на Австралија од септември 2021 година да се откаже од склучената уште во 2016 година набавка од Франција за 12 подморници, во износ од 56 милијарди евра долари, за градење подморници на конвенционален погон, да купи помалку нуклеарни подморници од САД и Велика Британија, предизвика дипломатски спор со Париз. Подоцна Австралија, којашто влезе во новиот воен сојуз предводен од САД – AUCUS, ѝ го компензираше раскинувањето на договорот со над половина милијарда долари отштета.

Австралискиот министер Марлес во средата рече дека неколкупати разговарал со францускиот колега и дека е убеден дека договорите со САД за хеликоптерите „нам да ги прекинат“ обновените односи со Франција.

Австралиската индустрија ќе биде вклучена во логистиката, складирањето, инженерингот и глобалниот синџир за снабдување на хеликоптерите, се наведува во соопштението на Министерството за обрана во Канбера.

Австралиските медиуми пишуваат дека од воведувањето во системот на австралиското воздухопловство, хеликоптерите „ MRH-90 Taipan“ имале проблем со одржувањето. На почетокот од 2021 година 47 хеликоптери од овој модел биле приземјени поради одржување и безбедносни проблеми со системот за поддршка на авионите.

Хеликоптерите „MRH-90 Taipan“ биле приземјени и во 2019 година поради силни вибрации на роторот во опашката, што барало замена на овој дел на сите летала, тврдат во Австралија. Министерството за одбрана објави во 2020 година дека потрошило над 37 милиони долари за изнајмување хеликоптери од цивилни компании за да ја задржи способноста, додека се справувало со долгогодишните проблеми со „MRH-90 Taipan“.

Норвешка во јуни 2022 година објави дека ќе ги врати воените хеликоптери „MRH-90 Taipan“ коишто ги нарачала од француската компанија „NH Industries“, тврдејќи дека или се несигурни или се доцна испорачани. Владата во Осло тогаш рече дека ќе бара враќање на сумата од 523 милиони долари плус каматите и другите трошоци од „NH Industries“, која е во сопственост она француско-германскиот концерн „Airbus Helicopters“, италијанската „Leonardo“ и холандските „Fokker Aerostructures“.