Австралија ќе обезбеди 500 милиони долари за борба со климатски промени

Австралија ќе обезбеди 500 милиони долари (338 милиони американски долари) за справување со проблемите од климатските промени во Тихоокеанскиот регион.
Парите ќе се потрошат за зголемена готовност за заштита од природни непогоди и за инвестиции во обновливи извори на енергија.
– Тихиот Океан е нашиот дом што го споделуваме со семејство држави и народи, изјави австралискиот премиер Скот Морисон.
Канбера ќе обезбеди помош за изградба на електроцентрала на Соломонските Острови, патишта и мостови во Папуа Нова Гвинеја и училишта на Кирибати. Новите 500 милиони долари ќе бидат за петгодишен период и се дополнување на 300 милиони долари за периодот 2016-2020 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.