Австралија ќе продава јаглен уште со децении

Австралија во понеделникот објави дека јагленот ќе го продаде уште со децении, откако го одби договорот за постепеното напуштање на ова фосилно гориво поради ублажувањето на климатските промени.

Четириесеттина земји се обврзаа на климатската конференција COP26 во Глазгов дека следните децении ќе се откажат од користењето на јагленот. Австралија и повеќе големи земји големи потрошувачи на јагленот како Кина и САД, пак, не ја потпишаа таа обврска.

„Јасно кажавме дека нема да ги затвориме нашите рудници на јагленот и нашите термоцентрални на јаглен“, истакна австралискиот министер за ресурси Кит Пит за австралиската телевизиска мрежа ABC News.

Пит додаде дека неговата земја го има најквалитетниот јаглен на свеот и дека „поради тоа со децении ќе имаме пазар.., а ако тие го купуваат…, ние ќе го продаваме“. Се очекува дека побарачката на јаглен ќе расте до 2030 година, додаде министерот и заклучи дека „Доколку ние не го заземе тој пазар, ќе го преземе некој друг“.

Пит потсети дека речиси 300.00 работни места во Австралија се потпираат на секторот јаглен. Австралискиот Совет за руди, пак, го наведува податокот за 50.00 вработени директно во секторот јаглен, и за 120.000 во сродните сектори.

Австралија, којашто е меѓу најголемите произведувачи на јаглен и природен гас, годиниве беше зафатена од екстремни временски прилики, како суша, шумски пожари и поплави, кои според некои стручњаци биле засилени поради климатските промени.

Владата на австралискиот премиер Скот Морисон во октомври го објави планот за јаглеродна неутралност до 2050 година, кој се најде под критики поради недоволна разработеност и фактот дека главно се заснова на сѐ уште непознати технолошки новини.