Австралија формира Вселенска команда

Австралискиот министер за одбрана Питер Датон во вторникот воспостави нова Вселенска команда, што е чекор кон воспоставувањето Вселенски сили по примерот на САД од пред неколку години.

Новата Одбранбена вселенска команда, дел од военото воздухопловство, ќе има за цел развој на воените вселенски способности за да се „обезбеди сигурна и стабилна Вселена“, рече Датон. Додаде дека ќе ја предводи командантката во воздухопловните сили Катрин Робертс.

„Вселената станува сѐ позадушена и веќе предмет на спорења, особено затоа што границите меѓу натпреварувањето и судирот се сѐ понејасни поради активностите во сивата зона. Вселената нестоменоно ќе стане домен кој во овој век ќе има поголема воена важност. Тоа е домен кој мора да се искористи за да се одвратл од агресија наместо да стана ново жариште на судири“, реле Дутен на конференциајта за вселенските и возздушните сили во вторникот.

Датон рече и дека командата на почетокот ќе биде скромна во однос кон оние во другите земји. Навести и дека нејзоното основање ќе претходи на воспоставување на Вселенските сили по примерот на САД.

„Тоа е потребно со цел да се заштитат нашите национални интереси и нашата потреба од вселенски сили во иднината“, рече Датон.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во 2019 година ги воспостави Вселенските сили како шести род на американските вооружени сили. Администрацијата во Вашингтон за финансирањето на вселенските трупи во првата година издвои 40 милиони долари, а ги сочинуваат 16.000 припадници на воздухоплвоните сили и цивилен персонал. Русија, пак, во првата декада од 2000-те години неколкупати ги воспоставуваше и расформираше своите Вселенски сили, а последен пат повторни профункционираа во 2015 година изделени од воздухопловните сили, и се проценува дека бројат до 150.000 припадници.