Австралија испитува смрт на жена неколку часа по вакцинирањето со „Pfizer“

Повозрасна жена починала во Австралија неколку часа откако била вакцинирана со вакцината против коронавирусот на американско-германскиот тандем „Pfizer/BioNTech“, пренесува во средата телевизијата Sky News Australia, повикувајќи се на локалната полиција.

Во прилогот се наведува дека 82-годишната жена починала во дом за стари лица во австралиската сојузна држава Квинсленд по вакцинирањето против Covid-19. Сѐ уште не е јасно, како што наведува телевизијата, дали смртта на жената е поврзана со вакцината. Се појаснува дека жената имала здравствени проблеми, меѓу кои и белодробни заболувања.

Според последните официјално потврдени податоци од понеделникот, во Австралија се употрбени досега околу 855.000 вакцини на „Pfizer/BioNTech“ и „AstraZeneca“.

Минатиот месец австралискиот регулатор ги одобри овие две вакцини, а од во текот на годината ќе добие 20 милиони дози од „AstraZeneca“.