Австралија опен 2020 со рекорден награден фонд

37

Наградниот фонд за првиот гренд слем во сезоната, Австралија опен, ќе изнесува рекордни 71 милион долари, соопштија организаторите на тенискиот турнир во Мелбурн.

Споменатиот фонд за турнирот што ќе почне на 20 јануари и ќе трае до 2 февруари во 2020 година е за 13,6 отсто поголем од изданието во 2019 година или за трипати побогат од 2010 година.

Се повредни стануваат и квалификациите, па дури и поразите во таа фаза ќе носат заработувачка од 20.000 долари за тенисер(к)ите. Елиминација во првото коло на главниот турнир ќе значи приход од 90.000 долари.

Чекот за победниците во машка конкуренција и во женска конкуренција ќе биде потпишан на 4,12 милиони долари што е речиси петпати повеќе од освојување на титулата во 2009 година (927.000 долари).

Во улога на бранители на тронот во Мелбурн ќе бидат Србинот Новак Ѓоковиќ и Јапонката Наоми Осака.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.