Австралија Oпен: Ѓоковиќ во финалето против Циципас

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, во моментов петти на АТП листата в недела ќе игра во финалето на првиот грен-слем турнир во сезоната на Австралија Опен против Гркот Стефанос Циципас, четврти на АТП, кога ќе се обиде да ја освои својата 22-ра грен-слем титула во кариерата, со што би се израмнил рекордот Рафаел Надал и истовремено рекордна десетта титула во Мелбурн.

Во петокот Ѓоковиќ доминираше во полуфиналето против Американецот Томи Пол, 35-ти на АТП, победувајќи го со 7-5, 6-1, 6-2 по два часа и 20 минути игра.

Финалето е закажано за недела во 9,30 часот. Ѓоковиќ и Циципас досега играле 12 пати еден против друг, а српскиот тенисер десет пати бил подобар во последните девет меча.

Циципас утринава го совлада 20-от играч во светот Русинот Карен Хачанов со 7-6, 6-4, 6-7, 6-3. Ова е негов вторпат да игра во финале на грен-слем турнир, откако загуби од Ѓоковиќ во финалето на Ролан Гарос во 2021 година.