Австралија потврди рекорден број смртни случаи од коронавирусот

Австралија во понеделникот го забележала рекордниот број смртни исходи како последица од зараза со новиот коронавирус на дневно ниво, додека бројот на новозаразените е најнизок во последните две седмици.

Властите на втората најнаселена австралиски сојузна држава – Викторија, која стана жариште во вториот бран епидемија на коронавирусот, известија дека во последните 24 часа починале 19 лица. Со смртните случаи кои се забележани во другите сојузни држави, ова е најголемиот дневен раст на бројот на починатите од Covid-19.

Во Викторија последното деноноќие се забележани и 322 нови случаи на заразата, што е најмал дневен раст од 29-ти јули. Австралија со околу 21.000 заразени и 314 смртни случаи, сѐ уште е далеку според црниот биланс од другите развиени земји.

Бразил регистрирал 23.010 нови случаи на заразата и 572 нови смртни исходи предизвикани од коронавирусот. Во оваа земја од почетокот на епидемијата заразени се 3.035.422 лица, додека бројот на починатите се зголеми на 101.049 луѓе.

Мексиканското министерство за здравство извести дека во неделата потврдени се уште 4.376 нови случаи на заразата и 293 смртни случаи. Со тоа вкупните бројки се зголемија на 480.278 заразении 52.298 починати. Мексико е третата земја според бројот на смртните исходи во светот, по САД и Бразил.

Кина во понеделникот објави дека во последните 24 часа потврдени се 49 нови случаи на заразата, за разлика од 23 коронаинфекции ден претходно. Националната комисија за здравство соопшти дека 35 нови случаи се лица кои допатувале од странство. Не се регистрирани нови смртни случаи. Кина, исто така, забележала и 31 нов асиптоматски случај на заразата, а во неделата беше соопштено за 11 вакви случаи.

Според податоците кои ги собира агенцијата Reuters од официјални извори, во светот се заразиле над 19,73 милиони луѓе, од кои 726.414 починале.
.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.