Австралија втор најголем увозник на оружје во светот

32
© AFP 2018 / Raigo Pajula

Австралија стана втор најголем увозник на оружје во светот, покажуваат податоците на Меѓународниот институт за истражување на мирот во Стокхолм (СИПРИ).

Од 2017 до 2018 година, Австралија скокна од четвртото на второто место.

Причината за ова е набавка на голем број нови авиони и подморници заради процената дека безбедносната состојба во областа е под зголемена закана, пренесува „Индекс“.

Саудиска Арабија го зазема првото место меѓу увозниците на оружје, со тоа што Кина се искачи од шестото во 2017 година на третото место, додека во 2018 година Индија од второто падна на четвртото место.

Австралиската конзервативна влада исто така сака да биде на списокот на првите 10 извозници на оружје, но се чини дека заостанува бидејќи падна од 18. на 25. место во периодот 2017-2018 година.

„Австралија инвестира 200 милијарди американски долари во градење на одбранбени капацитети“, рече портпаролот на австралиското Министерство за одбрана, пренесува „Индекс“.

Најголеми четири извозници на оружје се САД, Русија, Франција и Германија, при што Шпанија го зазеде петтото место во 2018 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.