Австралија: Со спектакуларен огномет ќе се пречека Новата година

178

Жителите на јужнопацифичките острови Самое и Кирибати први во светот влегоа во новата 2014-та година, во 11 часот по средноевропско време.

Иако во Сиднеј Новата година пристигнува три часа подоцна, традиционалниот пиротехнички спектакл веќе остава без здив.

Самоа, остров со 180.000 жители, пред две години поради економски причини ја промени страната на датумската граница, од нејзината источна премина на западната страна, и од тој момент влегуваат први во Новата година, а не последни како претходно.

За разлика од нив, жителите на Киритимата, односно Божикните острови, навикнаа во Новата година да влегуваат први. Киритимати е најисточниот дел на пацифичките острови на државата Кирибати, а ги открил капетанот Џејмс Кук на Божик, па во светот се познати како Божикни острови.

Последни во Новата година влегуваат жителите на Американска Самоа, цел ден по Самоа, иако ги дели само 80 километри.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.