Австралиската полиција уапси 15 лица поради внесување на повеќе од еден тон кокаин

кокаин

Апсењата се резултат на истрагата на риболовци, која траела повеќе од две и пол години. Тие користеле рибарски бродови за да го пренесат кокаинот од Чиле во Австралија.

Кулминација на тајната операција биле апсењата на Божик на рибниот пазар во Сиднеј.

Полицијата соопшти дека уапсила група, која се обидела да прошверцува 500 килограми кокаин, откако друга пратка од 600 килограми кокаин претходно ова година била пресретната од француската военопоморска флота покрај бреговите на Тахити.

Вкупната вредност на кокаинот изнесувала околу 360 австралиски долари (258,5 милиони америански долари).