Австралиски фестивал посветен на Елвис одбележува 30 години

Стотици имитатори на славниот Елвис Присли продефилираа во саботата по главната улица на австралиското гратче Паркес коешто одбележува 30-годишнина од настанот покренат во чест на американскиот поп-пејач, а манифестацијата изминатите години се претвори во еден од најголемите фестивали во земјата.

„Фантастично е. Замислете, фестивалот трае веќе 30 години, многу сме среќни“, изјави Боб Стил кој са сопругата Ен го покрена фестивалот пред три децении.

Фестивалот во Паркес, 350 километри северозападно од Сиднеј, се одржуваа секоја година на почетокот од јануари, кога во гратчето со околу 14.000 жители се слеваат околу 24.000 посетители, обожаватели на Присли.

Покрај имитирањето на изведбите на хитовите на Елвис, во Паркес, познат како Елвисовата престолнина во Австралија, се одржуваат уметнички и фото изложби посветени на пејачот и рокенрол часови за танц, како и квиз.

На улиците може да се забележат мноштво повеќе или помалку успешни имитатори на Елвис, во стари автомобили од неговата ера. Стил се присетува дека неговата идеја кај сограѓаните тогаш била пречекана со скепса, но дека сега сите се среќни и се веселат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.