Австралискиот премиер ја спореди саботажата со јагодите со тероризам

Саботажата со австралиските јагоди кои содржеле игли за шиење може да се спореди со терористички чин, изјави во средата премиерот Скот Морисон откако оваа афера предизвика паника во цела Австралија.

Морисон го повика Австралијците да прават колачи со јагоди за да им помогнат на фрустрираните одгледувачи. Побара и заострување на законските прописи за одговорните за контаминацијата на храната да им се закани 15-годишна затворска казна.

Дваесеттина јагоди кои биле прободени со игли за шиење или со шпенагли откриени се ширум Австралија што предизвика паника на целиот континет. Супермаркетите ги повлекоа јагодите од своите рафтови.

Овој тип злосторство би можело да спореди „со поседување педофилските фотографии или финансирање на тероризмот. Ја сфаќам оваа афера многу сериозно“, изјави шефот на австралиската влада. „Продолжете да ги купувате јагодите, како и претходно но преземете мерки за предостроженос“, сугерира.

Полицијата сé уште трага по сторителот или сторителите. Министерот за здравства Грег Хант изјави во понеделникот дека на надлежните тела за испитување на квалитетот на храната им наложил истрагата за инцидентите пријавени во шест од осум австралиски сојузни држави и територии.

Првиот е забележан минатата седмица во Квинсленд, по што јагодите на неколку различни произведувачи се повлечени од пазарот. Поради извештајот за слични случаи во пет други сојузни држави стравуваат дека се работи за имитирање на злосторство. Најмалку едно лице е хоспитализирано откако изело јагода којашто во себе имала игла.

„Станува збор за грозен чин и напад врз пошироката јавност“, изјавил Хант за австралискиот телевизиски канал ABC.

Овие настани сигурно ќе влијаат врз индустријата којашто чини 130 милиони долари. Хант и дугите претставници на министерството за здравство апелираат на потрошувачите дека јагодите да ги исечкаат пред консумацијата. Локалните синџири австралиски супермаркети како „Coles“ и „Aldi“ од претпазливост на сите видови јагоди од своите рафтови во речиси сите сојузни држави. Од „Foodstuffs“, еден од двата најголеми трговски синџири во Нов Зеленд, во понеделникот порачаа дека повеќе нема да нудат австралиски јагоди во своите трговии.