Австралиските држави повторно воведуваат рестрикции поради растот на случаите на омикрон

Двете најгусто населени австралиски сојузни држави повторно во четвртокот воведоа ограничувања поради повторниот рекорден дневен број на заразените во екот на омикрон варијантата на коронавирусот и притисокот на повеќе преоптовареност здравствениот систем.

Државата Нов Јужен Велс во кој живее третина од австралиската популација од 25 милиони луѓе објави дека повторно воведе задолжително носење маски во затворените јавни простори и го ограничува бројот на посетителиет на настаните и повторно ги активираше QR ковиди-потврди.

Државата Викторија, којашто има речиси ист број жители, исто така, повторно го воведе задолжителното носење маски наведувајќи ја потребата да се намали притисокот врз здравствениот систем.

Промените два дена пред католички Божил претставуваат пречки во државните планови за трајно повторно отворање по речиси две години карантин додека силно се зголемил бројот на заразените со новата варијанта во заедница и покрај стапката на двојно вакцинираните од повеќе од 90 отсто.

Бројот на хоспитализации и смртни случаи и натаму е низок, но експлозијата на бројот на заразените создаде ризик да здравствените работници да бидат отстранети од работноте место поради позитивните тестови, соопштија властите.

Австралија забележа повеќе од 8.200 нови случаи, што е далеку најголемен дневен пораст од почетокот од пандемијата, од претходно рекорда од 5.600 ден претходно, главно во Нов Јужен Велс и Викторија.

И покрај остриот пораст на случаите, хоспитализациите и натаму се далеку пониско отколку во текот на бранот на делта варијантата на коронавирусот, со околу 800 луѓе во болниците од речиси 44.000 активни случаи.

Но само 37 од нив се заразени со омикрон сојот, соопшти министерството за здравство во одговорот до медиумите со електронса пошта. Само еден заболен е не интензивна нега и не е забележан ниеден смртен случај од омикрон варијантата.

Дури и среде бранот на омикронот варијантата, Австралија со 273.000 заразени и 2.173 смртни случаи има далеку најнисок бропј случаи од многу земји.