Австрија чека ЕМА да ја одобри руската вакцина за да почне да ја користи

20

Австрија нема да ја користи руската вакцина Спутник V сè додека не биде одобрена од Европската агенција за лекови (ЕМА). Ова го изјави австрискиот канцелар Себастијан Курц, цитиран од Ројтерс.

Земјата преговара со Русија за купување на 1 милион дози, нарачката сè уште не е објавена.

Досега Курц одбиваше да каже дали земјата ќе чека одобрување од ЕМА или ќе се однесува како Унгарија, која користи вакцина без одобрение од агенцијата.

Унгарија е единствената земја-членка на ЕУ што ја користи вакцината, иако и Словачка нарача дози.

„Се надеваме на брзо одобрување од ЕМА, бидејќи секоја дополнителна доза на вакцина ќе помогне да се спасат животи“, рече Курц и додаде дека Владата се согласила да нарача.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.