Австрија ги укинува ограничувањата за невакцинираните, притисокот врз болниците намален

Во Австрија мерките за ограничувања за лицата коишто не се целосно вакцинирани против коронавирусот ќе будат укинати од понеделник, бидејќи притисокот врз болниците е намален, објави владата во средата.

Бројот на новозаразените со коронавирусот поттикнат од многу позаразната варијанта до рекордно ниво е и во средата со над 30.000 новозаразени, соопшти министерот за здравство Волфганг Муекштајн на прес-конференција додавајќи дека следните две седмици ќе го достигне пикот на околу 35.000 до 40.000 новозаразени.

Стапката на пополнетост на болничките капацитети и на одделите за интензивна нега, меѓутоа, бележи пад.

„Заклучивме дека мерките за ограничувањата за невакцинираните лица во Австрија се оправдани само во случај на закана од непосредно проептоварување на капацитетите на одделите за интензвивна нега“, изјави Муекштајн додавајќи дека стручњаците тоа повеќе не го сметаат за потребно.

Од15-ти ноември оните кои не се ванцинирани против коронавирусот беа под изолација, што значи дека не е им е дозволено да ги напуштат своите домови само од ограничена бројка причини, како што е набавката на основните продукти или работа. Мерката, којашто беше суспендирана во текот на божикните празмицио, беше критикувана како многу тешка за спроведувае.

Иако ограничувањето на движењето ќе биде укинато, на невакцинираните и натаму ќе им биде забрането да учествуваа во низа слободни активности, вклучително и посета на ресторани или купување продукти кои не спаѓаат во основните потреби, во рамките на владините напори да ја зголеми стапката на вакцинираност, којашто во Австрија е меѓу најниските во западна Европа.