Австриското село Фукинг (Fucking), конечно ќе се отараси од името коешто многумина ги привлекуваше на кражба на таблата со називот на местото.
Локалниот совет објави дека ова село во покраината Горна Австралија од 1-ви јануари ќе се вика Фугинг (Fugging).
Фукинг, село со стотина жители, често беше застапено во вестите, бидејќи туристи и намерници постојано ги крадеа таблите со називот на местото или на социјалните мрежи објавуваат свои фотографии од таблите.
Локалното население со години бараше промена на името на нивното село, а последната дебата се одржа пред осум години. Фукинг на германски јазик не значи ништо, но на англиски зборот има многу експлицитно и на сите добро познат значење.
Некои историчари сметаат дека изворниот назив ма местото потекнува од XI век, а според локалното население местото во VI век го основал баварскиот благородник Фоко. На една мапа од 1825 годинаи селцето е забележано под називот Фукинг.
Оние кои говорат англиски, сега наместо во Фугинг, по шеговитите фоторгафии ќе мора да одат преку границата во Баварија во местото Петинг (Petting).