Австрија издвојува уште 38 милијарди евра за ублажување на кризата од коронавирусот

Австрија ќе издвои дополнителни 38 милијарди евра за ублажување на последиците од коронавирусот, порача канцеларот Себастијан Курц во средата кога бројот на заразените се зголеми на 1.646, се затвораат скијачките центри и траат тензиите на граничниот премин Никелздорф кон Унгарија.

„Нека чини, колку што ќе чини“, рече австрискиот канцелар Себастијан Курц пред новинарите по седницата на сојузната коалициска влада во Виена.

Најави дека неговата влада за ублажување на економските последици од коронавирусот ќе стави на располагање покрај веќе ослободените 4 милијарди евра уште 38 милијарди евра за осигурување на работните места, помош на претприемачите и кредити за компаниите, за да се спречи нивното банкротитање и другите тешкотии.

„Мораме да сториме сѐ и да продролжиме да ги спроведуваме строгите мерки за претпазливост со ограничување на движењето, но истовремено мораме да мислиме на економските последици од коронавирусот“, рече Курц.

Посочи дека како што мора доследно да се работи во борбата против ширењето на коронавирусот, подеднакво треба да се работи и на спречувањето на економскиот колапс, зачувување на работните места и спасување на компаниите од затворање.

Во Австрија постојано се зголемува бројот на заразените, па расте и бројот на општините и местата ставени во карантин во рамките на мерките за забавување на пирењето на пандемијата на коронавирусот.

Така од средата во карантин се општината Глахаи и долината Гаштејнертал во салзбуршкиот регион. Во покраината Тирол, каде има најмногу заразени во карантин се ставени уште две места, Золден и Санкт Кристих. Од петокот Санкт Антон и долината Пазнаун се сосема изолирани, а исто така и скујачките подрачја Алберг во Воралберг: Лех, Варт, Шрекен и Шрехен во општината Клестрле од вторникот се во карантин.

Во Австрија, според тамошното министерство за здравство, бројот на заразените лциа се зголемил на 1.646 во средата, а во вторникот имаше 1.332 инфицирани. Изведени се речиси 12.000 тестови. Девет лица оздравеле, а четворица пациенти починале.

На австриско-унгарскиот граничен премин во Никелздорф во Градишче, според медиумите, веќе втор дена ситуацијата е многу тензична. Унгарија ги затвори границите поради коронавирусот и ноќта кон средата дозволи поминување само на возила од Бугарија и Романија, но не и за возилата од други земји како Србија и Украина, па се формирале километарски колони, пренесува австриското јавно радио ÖRF.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.