Австрија на здравствените работници им ја предлага четврта доза од вакцините

Австрија треба да им ја понуди четвртата доза од вакцините против Covid-19 на здравствениот персонал и другите вработени во клучните сектори, објави тамошната комисија задолжена за кампањата на вакцинација.

Комисијата, исто така, наведе дека не постојат научни докази дека четвртата доза треба да се понуди и на пошироката популација.

„Во поглед на неминовниот бран на омикрон (варијантата на коронавирусот), четвратата доза може да им биде понудена на високоризичните и системски критични сектори, шест месеци по аплицирањето на третата доза“, соопшти комисијата.

Австрија во средата објави дека ќе ги заостри епидемиолошките рестрикции од 27-ми декември за да го запре ширењето на најновата варијанта на коронавирусот. За омикрон сојот, британско истражување претходно седмицава покажа дека носи помал ризик од хоспитализации од досегашниет варијанти.

Сепак, владата во Виена во средата го нареди четвртокот целосно затворање и најави задолжително вакцинирање против Covid-19 за сите Австријци, со што стана првата земја членка на Европската унија која се реши на тоа.

Три седмици долгкиот „локдаун“ го намали дневниот број на новозаразените од рекордните нивоа, но земјата се подоготвува за новиот бран. Вече се потврде и неколку случаи на инфекција со омикрон варијантата.

Австрија кон крајот на ноември имаше рекорден дневен број од речиси 16.000 новозаразени. Во петокот пријави 2.374 нови коронаинфекции и 22 смртни исходи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.