Австрија ни испраќа помош за справување со пандемијата

65

Шатори, ќебиња, генератори за електрична енергија, душеци, постелнина за еднократна употреба и средства за хигиена, се дел од помошта што Австрија на земјава ќе ја испрати преку механизмот за цивилна заштита на ЕУ (Union Civil Protection Mechanism – UCPM) за справување со пандемијата..

Како што соопштија Австриска амбасада во Скопје,  помошта се  очекува да пристигне во наредните денови.

– Австрија ја поддржува Северна Македонија во оваа криза со конкретно потребни средства и добра – изјави министерот за надворешни работи Шаленберг во една прилика.

Тој  додаде дека покрај најтешко погодените земји, приоритет на австриската помош и солидарност е насочена кон земјите од Западен Балкан.

– Корана вирусот нѐ става пред нови предизвици со коишто можеме само заеднички да се справиме. Исто така продолжуваме да работиме заедно и да се залагаме, Северна Македонија и другите земји од Западен Балкан наскоро да можат да го заземат своето место во ЕУ – додаде министерот.

Австрија освен тоа, додаваат од Австриската амбасада, сака и да покаже солидарност кога болничките капацитети се ограничени заради ковид-19 и затоа ѝ понуди на Северна Македонија третман на пациенти во Австрија.

Дури и во време кога пандемијата зема голем замав, болниците во Австрија остана отворени за пациенти за итни случаи од Северна Македонија.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.