Австрија: Прекинува воздушниот сообраќај со Русија, Украина, Холандија и Велика Британија

Австрија прекинува воздушни врски со Русија, Украина, Холандија и Велика Британија во напорите да се прекине ширењето на новиот коронавирус. Тоа го соопшти денеска канцеларот Себастијан Курц.

– За да се запре потанамошно внесување на вирусот од странство, ќе бидат заострени правилата за влез во нашата држава. Се забранува влегување на туристи од Британија, Холандија, Русија и од Украина. Со тие држави се запираат и воздушните врски, изјави Курц.

Изјавата беше дадена по седница на Националниот совет на Австрија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.