Австрија против предложениот план за закрепнување на ЕУ

Австрија во овоаа форма нема да го поддржи предлогот на Европската комисија за фонд за заздравување на економијата на Европската унија начната со кризата од пандемијата на коронавирусот, порача во саботата австрискиот министер за финансии Гернот Блумел.

ЕК во средата предложи инструмент за закрепнување од 500 милијарди евра неповратна помош за најтешко погодените земји членки на ЕУ, како и за посебните сектори, и 250 милијарди евра кои би се доделувале како поволни заеми.

„Австрија секогаш е подготвена да преговара, но на овој пакет нема да му дадеме зелено светло“, изјави Блумел за австриската државна телевизија.

Додаде дека според овој предлог, Австрија во буџетот на ЕУ би уплаќала двојно повеќе отколку сега.

„Австриските придонеси би се искачиле на 2 отсто од бруто националниот приход, а тоа е неприфатливо“, истакна австрискиот министер за финансии.

Канцеларот Себастјан Курц во разговрот за германскиот дневени весник Die Welt претходно седмицава изрази надеж дека ЕК ќе ѝ излезе пресрет на ткн „штедлива четворка“, односно Австрија, Холандија, Данска и Шведска.

„Ние, ‘штедливата четворка’, се надеваме дека нашите интереси ќе бидат земени предвид. Ние сакаме да бидеме солидарни, но поради нашите грашани кои работат напорно и кои плаќаат даноци, исто така, сме должни да се погрижиме за решение кое би било праведно“, рече Курц.

Неговиот коалициск партнер, партијата Зелени се против тавот на конзервативците на Курц.

„Мислам дека е голема грешка што Себастијан Курц се профилира како предводник на група земји кои го одбиваат предлогот на ЕК“, изјави претседателката на пратеничката група на Зелени, Зигрид Маурер за телевизијата ATV.

Освен планот за заздравување, ЕК во средата предложи и ревидирана Повеќегодишната финансиска рамка за периодот од 2021 до 2027 година, од 1.100 милијарди евра.

Претседателот на Европскиот совет, Шарлс Мишел, најави дека на 19-ти јуни ќе се одржи физички самит на државите членки на ЕУ на кој ќе се направи обид новиот повеќегодишен буџет и план за опоравување. За предлозите на ЕК да минат, мора да добијат едногласна согласност од државите членки и согласност од Европскиот парламент.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.