Австрија со рекордни 200.000 тестирања дневно

Бројот на дневни тестирања на коронавирус во Австрија достигна рекордно ниво од 200.000. На почетокот од пандемијата државата тестирање дневно под 10.000 граѓани.

Австриската власта од понеделник ги олабави епидемиолошките мерки и им дозволи на фризерите, масерите и салоните за убавина повторно да ги отворат вратите, но предуслов корисниците да ги користат нивните услуги е да имаат негативен тест кој не е постар од 48 часа.

Желбата за користење на овие услуги доведе до неверојатен раст на бројот на направени тестови.

-Оваа бројка е единствена во Европа, истакнува министерот за здравство Рудолф Аншобер.

Согласно владината одлука за попуштање на мерките се воведѕва два пати неделно тестирање на основните во училиштата, а за постарите ученици еднаш неделно. Сите вработени кои имаат директен контакт со клиентите мора еднаш неделно да се тестираат.

Од почеток на пандемијата во Австрија се извршени 11 милиони тестирања на коронавирус, а само во изминатите пет дена, според Министерството за здравство, направени се 1.096.621 тест на Ковид-19.