Австрија годинава ќе одржи предвремени парламентарни избори

Австрија ќе ги одржи вонредните парламентарни избори уште оваа година, најверојатно наесен, изјави канцеларот Кристијан Керн за јавниот телевизиски сервис ORF во неделата, неколку часа пред конзервативната партија во неговата коалиција треба да избере нов претседател.

Министерот за надворешни работи Себастијан Курц, за кого преовладува мислењето дека ќе го преземе челното место во конзервативната Народна партија, соопшти дека сака да се одржат вонредни избори, на коишто генерално канцеларот Кристијан Керн се спротиставува.

„Дефинитивно ќе се случат избори, претпоставувам во текот на претстојната есен“, изјавил Керн за телевизијата, додавајќи дека не мисли оти продолжувањето на владеење со малцинска власт е одржлива опција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.