Австрија нема да склучува договори на сопствена штета

Австрија дефинитивно нема да склучи било каков договор на своја штета, порачаа денеска претставниците на владата во Виена по повод спогодбата со Германија за мерките против илегалната миграција.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц на вонредна прес-конференција изјави дека Австрија е подготвена за мерки кои ќе вклучуваат затворање на границите на Германија.

Ние сме подготвени да одговориме на националните мерки на Германија на нашите граници, особено на јужните, рече Курц.

Тој очекува во наредниот период Германија да го разјасни договорот, додавајќи дека Австрија е подготвена да ги спроведе националните мерки.

Ќе продолжиме да се залагаме за европско решение за да обезбедиме она што во Советот на ЕУ е сменето во главите на учесниците да биде применето. Нашата голема цел е да се намали илегалната миграција и затоа имаме сочувство за сите идеи кои одат во таа насока, но не и на сметка на Австрија, рече австрискиот канцелар.

Според него, треба да се најде систем кој ќе спречи бродовите со мигранти да се движат кон Европа, бидејќи така ќе се спречи давење, и повтори дека Австрија се противи на тоа мигрантите да аплицираат за азил во прифатните центри надвор од границите на ЕУ, односно во Африка, бидејќи тоа, вели тој, би било нечесно за оние земји каде што ќе се основаат центрите.

Погрешната политиката на миграција во претходните години беше можеби блага во тонот, но го доведе во опасност Шенген, до раздор во ЕУ, а поминуваа не оние на кои им е потребна помош, туку оние кои имаат пари да им платат на шверцерите, а што предизвика многу жртви на море. Сакаме нова политика, која секако треба да биде поефикасна, изјави австрискиот канцелар.