Австрија со 18 ракометари во Данска

Селекторот на ракометната репрезентација на Австрија, Патрекур Јоханесон по одигрувањето на последната контрола со Египет го соопшти и списокот од 18 ракометари на кои ќе смета на претстојното Европско првенство во Данска.

Австрија е еден од ривалите на Македонија во групата во Хернинг. На листата на селекторот на Австрија се наоѓаат: Доминик Бамер, Томас Бауер, Јанко Божовиќ, Кристоф Еделмилер, Патрик Фелсер, Максимилијан Херман, Маркус Колар, Никола Мариновиќ, Фабиан Пош, Раул Сантош, Роланд Шлингер, Доминик Шмид, Виктор Силаги, Маркус Вагесрајтер, Роберт Вебер, Конард Вилцински, Рихард Вос и Витаутас Зиура.

Австрија во рамки на подготовките одигра четири натпревари и постигна три победи (Германија – 29:28, Русија – 31:30 и Египет (синоќа) – 29:27), а загуби само од Исланд – 22:30.