Австрија забрани „нелегално“ колење на животни

Австрија донесе одлука, кој денеска стапува на сила, со која  се забранува колење на животни кое што се прави поради верски обреди. Речиси една недела пред муслиманскиот празник Курбан бајрам,  Министерството за социјални прашања со уредба забрани „нелегално колење“.

Во иднина колење на животни ќе биде можно само во одредени објекти кои за тоа ќе бидат одредени, а со одобрение на властите и присуство на ветеринар, кој по првиот рез треба веднаш да го успие животното.

Со уредбата, како што објаснуваат од Слободарската партија на Австрија (ФПО), сакаат да ги затворат “дупките на законот”.

Токму со помош на дупките во законот, односно со изземање од Законот за животни и тестирање на месото, на едно семејство му  беше дозволен околење на животни, , но со одредени услови.

ФПО, сепак, проценува дека овој исклучок се користи дури и се злоупотребува, споре нив, бидејќи биле заклани околу 25.000 овци, во нехумани и нехигиенски услови на места кои не се предвидени за тоа, ниту пак за тоа се наменети.

Регулативата остро ја критикуваа претставниците на исламската заедница кои сметаат дека досегашниот закон бил доволен, а  дека секое заострување  е само уште една нова популистичка мерка на ФПО, која има за цел да гоодвлече вниманието од други теми, како што кажа Тараф Багајати, претседател на Иницијативата на муслиманските Австријци.