Австриската десница сака придружување на Вишеградската група

Партијата од крајната десница Партија на слободата (FPOe) сака Австрија да се придружи на Вишеградската група на централните и источноевропски земји членки, кои се спротиставуваат на имигрантската политика што ја диктира Европската унија.

„Ние сакме посилни контакти со земјите од Вишеградската група и би било убаво можеби и да станеме членка на Вишеградската група“, изјави челникот на FPOe, Хајнц-Кристијан Штрахе во дебатата со социјалдемократскиот канцелар Кристијан Керн за зауздување на имигрантскиот прилив и овластувањата на Брисел.

Предвремените парламентарни избори во Австрија ќе се одржат на 15-ти октомври, а FPOe би можела да стане дел од следната австриска владејачка коалиција.

На изборите се очекува победа на конзервативната Народна партија на Австрија (OеVP). За второто место најверојатно ќе се борат крајната десница FPOe и социјалдемократите, коишто според последните испитувања на јавното мнение имаат по околу 25 отсто поддршка.

Евроскептичните владејачки партии во Полска, Унгарија, Чешка и Словачка одбија да ги прифатат имигрантските квоти кои ги излгасаа и под притисокот на Брисел ги прифатија повеќето земји членки на Европската унија.

Овие земји, исто така, го отрфлија предлогот за реформирање на ЕУ, со коишто се сака да се префрлат повеќе овластувања од националните влади врз бриселските бирократизирани институции. Австрската десница, исто така, сака подецентрализирана Унија.