Австриската министерка за труд поднесе оставка поради обвинувања за плагијат

Австриската министерка за труд, семејство и млади Кристине Ашбахер една година преземањето на должноста во саботата доцна вечерта поднесе оставка, соочувајќи се со тврдења дека нејзината дипломска работа е плагијат.

Ашбахер, од конзервативната партија OVP, како и канцеларот Себастијан Курц, во соопштението за јавноста вели дека се повлекува од должноста за да го заштити „семејството“, осудувајќи го „непријателството, политичкото агитирање и нападите“ кои се насочени кон неа со „неподнослива жестина“.

Ашбахер, од конзервативната партија OVP, како и канцеларот Себастијан Курц, во соопштението за јавноста вели дека се повлекува од должноста за да го заштити „семејството“, осудувајќи го „непријателството, политичкото агитирање и нападите“ кои се насочени кон неа со „неподнослива жестина“.

„Работата како министерка за труд, семејство и млади ме исполни. Својата работа како министерка ја извршував со целосна посветеност на оваа земја и го дадов најдоброто со мојот тим”, напиша Ашбахер во својата изјава.

Во изјавата таа ги отфрла тврдењата за плагијат, нагласувајќи дека нејзините дела, со кои се здобила со академски титули, секогаш биле составувани со најдобри намери и совест и дека се потпирала на проценката на признати професори.

„Сите тврдења дека го пишував трудот за време на мојот мандат како министерка и дека свесно сум плагирала се подметнувања што ги отфрлам“, нагласи Ашбахер.

Bели дека има право на фер судење и дека надлежните институции треба да ги проверат нејзините дела.

Исто така, смета дека заедно со нејзиното семејство биле изложени на напади и дека тоа не треба да се дозволи.

„Од таа причина, јас поднесувам оставка. За тоа денеска во личен разговор го информирав канцеларот Себастијан Курц”, нагласи Ашбахер во изјавата.

Триесет иседумгодишната министерка, обвинета е за „плагирање, неточни наводи и непознавање на германскиот јазик“ во нејзиниот магистерски труд од 2006 година, пишува на блогот на Штефен Вебер кој е претставен како „експерт специјализиран за откривање лажни универзитетски дипломи“.

Ашбахер дипломирала со оцената „многу добар“ на Универзитето за применети науки близи Виена. Таа ги одбива кртиките нарекувајќи ги инсинуации.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.