Австрискиот десничар раскажа за можните организаторите на скандалот со вицеканцеларот Штрахе

Организатори на скандалот околу средбата на сега поранешниот австриски канцелар Хајц-Кристија Штрахе и негов близок соработник, поранешниот политичар Јохан Гуденус, веројатно се адвокат од Виена и посредник од Германија, вели Гуденус во интервјуто објавено во средата во виенскиот дневен весник Kurier.

Според Гуденус, неговатра прва средба со наводната внука на латвискиот, а не на рускиот олигарх како што известуваат германските медиуми, се случила на 24-ти март 2017 година во еден ресторан во австриската престолнина Виена. Состанокот се случил откако жената пројавила интерс за земјишна парцека на семејството на Гуденс и планирала да ја купи. На вечарата присуствувале и жената на политичарот, адвокатот и придружникот на жената Јулијан Талер од Минхен.

„Агентката за недвижности, со којашто долго време сме во пријателски односи, ни се јави и каќа дека има интересент за нашите ловишта“, го цитира весникот Гуденус.

Според него, адвокатот од Виена, чиешто име весникот не го наведува, се вклучил во оваа зделка. Тој контактирал со лицата кои сакале да се стекнат со земјиштетот во посед на семејството на Гуденус, и потврдил дека станува збор за ведодостојни идентитети.

„Тој (адвокатот) ми покажа копија од пасошот на Латвијката. Тоа беше пасош на Европската унија“, рекол за Kurier Гуденус и додал дека споменатиот Талер бил придружик на жената.

„Адвокатот од Виена и тој рекоа дека се стари оријатели“, вели сега поранешниот политичар. Потоа, како што додава во разговорот Гуденус, во текот на следната половина година се одржале многу средби меѓу странките. Во летото 2017 година се одржала средбата на Ибица, но овојпат без присуство на адвокат.

Според Гуденус, тој воопшто не размислувал дека ќе влета во стапица. „Срамно му е што го вмешав во ова шефот (виценакцеларот Штрахе – з.р.)“, додава.

Весникот Kurier пишува дека се обиделе да стапат со виенскиот адвокат, но оти на електронската пошта на весникот одговори неговиот правен застапник кој рекол дека неговиот клиент нема да разговара на оваа тема.

Една седмица пред денеска започнатите избори за Европскиот парламент на кои фаворити се десните евроскептични суверенистички партии меѓу кои австриската крајна десна Слободарска партија (FPÖе) чиј лидер беше Штрахе, најголемите германски медиуми координирано објавија материјали во кои се тврди дека вицеканцеларот Хајнц-Кристијан Штрахе разговарал наводно за купување удели во медиуми за влијание на изборите со некоја „Русинка“, којашто според Штрахе е латвиски државјанин.

Истовремено, германските медиуми кои го објавија скандалозниот материјал, посочуваат дека снимената среда претставувала „стапица“ за политичарот, како и за неговата партија која беше до минатата седмица дел од владата на канцеларот Себастијан Курц, и која заедно со владата во Виена се залага за укунување на санкциите на ЕУ против Русија и нормализирање на односите со Москва.

Штрахе, кој ја опишува оваа ситуација како „политички атентат“, беше принуден да поднесе оставка. Следните денови од австриската влада истапија и сите министри од редовите на Слободарскате партија (FPÖе), откако канцеларот Курц одби да ја продолжи владината коалиција и најави предвремени парламентарни избори, најверијатно есенва.