Австрискиот канцелар Курц ѝ даде поддршка на баварската CSU

Астрискиот канцелар Себастијан Курц во петокот вечерта, во прсрет на изборите за парламентот на германската сојузна земја Баварија кои се одржуваат викендов, ѝ изрази поддршка на Христијанско-социјалната унија (CSU) на последниот предизборен митинг одржан во Минхен.

Канцеларот Курц на митингот на CSU беше придружуван од челникот на партијата и германски министер за внатрешни работи Хорст Зехофер, и од баварскиот премиер Марку Шедер. Австрискиот канцелар, исто така, е сојузник на CSU во нејзините настојувања да се зајакне пограничната контрола на границата меѓу Австрија и Баварија. Покрај тоа, му даде поддршка на Зехофер во неговите бараа за построги имигрантски политики на национално ниво.

Испитувањата на јавното мнение чиишто резултати се објавени во четвртокот покажаа дека поддршката за CSU, која е традиционален партнер на Христијанско-демократската унија (CDU) на германската канцеларка Ангела Меркел и која во Баварија со децении наназад го има апсолутното мнозинство во парламентот, паднала под 33 отсто, додека на второ место се Зелените со 18,5 отсто поддршка. Падот на поддршката на CSU го следи растот на поддршката на евроскпетичната и противдоселечничка партија Алтернатива за Германија (AfD) којашто според анкетите може да освои 12,8 отсто од гласовите во Баварија. Помалиот број гласови и можело да ја натера CSU првпат во историјата да побара коалициски партнер. Иако мнозинството Баварци изразуваат поддршка за коалицијата на конзервативците и зелените, Шедер во петокот ја отфрли таквата можност.

Меѓутоа, Зехофер во текот на кампањата ги отфрли анкетите, истакнувајќи дека „повеќе верува во успехот на партијата на изборите, отоколку што покажуваат резултатите од овие анкети“. Неговиот тврд став за имиграциските политики ја доведе унијат CDU/CSU до работ на опстојувањето по децении на почеткот од годинва, така што изборите во Баварија се сметаат и за своевиден референдум за неговата улога во националната политика.

Канцеларката Меркел одби во петокот да одговори на прашањето дали изборите ќе ја дестабилизиат нејзината влада, велејќи дека конзервативниот блок „минува низ тежок период“ и оти се надева дека ќе оствари добар резултат на изборите.