Австрискиот Уставен суд одлучи внукот на последниот Хабсбуршки цар да го исфрли „фон“ од своето презиме

71

Внукот на последниот хабсбуршки цар Карл Хабсбург-Лотхрингер мора од своето семејно презиме да ја исфрли благородничката титула „вон“, пресуди австрискиот Уставен суд.

Карл Хабсбург-Лотхрингер на својата веб страница самиот се нарече Карл вон Хабсбург( Карло од Хабсбург), што е во спротивност со автрискиот закон со кој е укината аристократијата и благородничките титули, по падот на монархијата во 1918 година.

Овој случај стигна и до суд бидејќи внукот на царот Карло I се жалеше на казната што му беше досудена за употребата на „фон“.

Хабсбург-Лотхрингер тврдеше дека му е прекршено правото на слобода на говор, на семеен живот и на еднаквост пред законот.

Судот ја отфрли неговата жалба, тврдејќи дека „Уставниот суд укинувањето на благородништвото го смета за чекор кон создавање на еднаквост“.

Судот, меѓутоа, призна дека Хабсбург-Лотхрингер не може да се натера да ја плати казната бидејќи законот за забрана на аристократијата никогаш не бил ажуриран, па за него и натаму се пропишани парични казни изразени во куни, а не во евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.