Австриските граници со Чешка, Словачка и Унгарија се отвораат на 15-ти јуни

Австрија повторно ќе ги отвори границите со Чешка, Словачка и Унгарија на 15-ти јуни, објави министерството за внатрешни работи во саботата, проширувајќи го ублажувањето на граничните контроли и на источните соседи откако за тоа веќе се договори со западните.

Објавата следува по претходно координираниот чекор целосно да се отстранат бариерите за патувањата меѓу Германија, Австрија, Швајцирија и Лихтенштајн од 15-ти јуни натаму, а дека во меѓувреме ќе се олеснуваат ограничувањата по прашањата за тоа кому му е дозволено минувањето на границите. Ристрикцијата останува на сила во однос на австриските гранични премини од Италија.

„Нашата цел е да се има што повеќе можно слободи а рестрикциите само колку што е потребно. Овие олеснувања создаваат малку нормалност за луѓето во граничените региони и им олеснуваат на патниците поедноставно да го водат своето секојдневие“, се истакнува во заедничката изјава на австриските министри за внатрешни, за надворешни и за европски работи.

Европската унија во средата го поттикна отворањето на внатрешните работи и почеток на патувањата, но не препорачува надворешните граници на ЕУ да останат затворени за повечето патувања, најмалку до средината на јуни.

Како што пренесе австриската новинска агенција APA, австрискиот канцелар Себастијан Курц оваа седмица во разговорот со германската канцеларка Ангела Меркел договорил отворање на границите кон Германија во два чекора. Првото ниво на сила стапи веќе во петокот, а се состои во преминувањето од целосна контрола на спорадични. Од 15-ти јуни контролите на гранциите би биле целосно укинати.

На границата меѓу Германија и Австрија во Баварија во саботата имало помали проблеми, бидејќи некои возачи во текот на спорадичните контроли не можеле да дадат добра прилина за посета во Австрија. Тие сакале да одат на пазарење или на планинирање, но преминувањата за овие активнсоти сѐ уште не се дозволени.

Австриските граници со Германија, Швајцарија и Лихтенптајн во Ворарлберг делумно ќе бидат отворени во текот на оваа ноќ, соопштија властите.