Австриските конзервативци го избраа новиот челник и канцелар

Актуелниот шеф на австринската дипломатија Карл Нехамер ќе ја предводи Австриската народна партија (ÖVP) по дефинитивното и целосно повлекување на поранешниот канцелар Себастијан Курц од политиката, со што ќе стане селдниот австриски канцелар, пренесува јавната телевизија ÖRF, повикувајќи се на одлуката донесена на состанокот на главните тела на партијата во петокот.

Претходно во четвртокот Себастијан Курц, кој успешно ја водеше партијата и на минатите избори во 2019 година освои 37 проценти од гласовите откако на 9-ти октомври се повлече од функцијата канцелар откако беше обвинет за поткуп, корупција и нарушување на довербата, најави заминување од политичката сцена.

Неколку часа по Курц и канцеларот Александар Шаленберг изјави дека се повлекува од функцијата, на помалку од два месеца по преземањето на должноста, отккао изјави дека е убеден дека функциите претседател на партијата и шеф на владата треба да бидат концентрирани во една личност. Оставката на конзервативниот политичар Шаленберг најави сериозни превирања во врвот на австриската политика, а особено во конзервативната Австриска народна партија (ÖVP).

Набргу по именувањето на чело на конзервативците Нехамер, на досегашниот канцелар Шаленберг му предложи да ја преземе должноста министер за надворешни работи, пренесува ÖRF.

Според австриските медиуми, министерството за финансии би требало да го води Магнус Брунер, ресорот за внатрешни работи Герхард Карнер, за образование Мартин Полашек, сите челнови ÖVP.