Австриските лекари предупредуваат дека трет бран на коронавирусот не би можел да се совлада

Австриските лекари предупредуваат дека трет бран на зараза со коронавирусот за болниците би можел да се совлада само условно.

Нивото на дневни зарази сè уште е високо, истакнаа тие, додавајќи дека состојбата на одделите за интензивна нега сè уште е тешка.

Специјалистот за интензивна нега Клаус Маркшталер предупреди дека на клиниката АКХ во Виена има тешки случаи меѓу пациенти на 20 и 30-годишна возраст.

Неговиот колега од Линц, Бернд Лампрехт, посочи дека болничкиот персонал со недели е изложен на екстремни напори, поради големиот број на пациенти со Covid-19.

„Тој напор не може да се издржи на долг рок“, истакна тој.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.