Австриските пасоши за германофоните во Болцано го лутат Рим

Италијанското министерство за надворешни работи предупреди во петокот на продолжувањето на австрискиот план да му понуди австриски пасоши на германојазичното население на покраината Болцано, на североистокот од Италија.

Италијанската дипломатија наведе во соопштение дека има сознанија оти во Виена е основана владина комисија задолжена за подготовка на план за закон за воведување двојно државјанство.

„Оваа иницијатива е несоодветна поради потенцијално попречувачкото обележје. Чудно е што влада којашто го извршува во моментов ротирачкото претседавање со Европската унија, наместо да се насочи на активности кои обединуваат и промовираат меѓусебна согласост, изработува планови за закони коишто може да поттикнат несогласувања“, истакнува министерството за надворешни работи на Италија.

Покраината Болцано, планинскиот регион Алто Адиџе на италијански или Суедтирол (Јужен Тирол)на германски, со векови била австриска, за по Првата светска војна да биде припоена на Италија, каде има статус на автономна покраина.