Најмалку 11 загинати откако автобус излетал од автопатот во Хрватска

Најмалку две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи утринава во Хрватска.

Полициската управа на Вараждин соопшти дека автобусот со полски регистерски таблички во 5 часот и 40 минути излетал од патот на автопатот А4 во правец кон Загреб.

Несреќата се случила меѓу Јарек Бишашки и Подворец. Вечерњи лист објави дека загинале неколку лица, како и дека голем број патници се тешко повредени.

Полицијата и пожарникарите се на терен, а сообраќајот се одвива по една коловозна лента.

За среќа, повеќето од 40-те повредени се со полесни повреди, а неколку лица се пренесени во болница.